Докторката која прва го забележа новиот вид на коронавирус, откри што се случувало со нејзините пациенти

Јужноафриканската лекарка Анжелик Кетзи, која прва ги предупреди властите во нејзината земја за појавата на нов вид на коронавирус кај пациентите, за Дејли Телеграф изјави дека симптомите на новиот вид, кој Светската здравствена организација го нарече омикрон, се „невообичаени, но благи“.

Кетзи наведува дека можноста за појава на нова варијанта првпат ја забележала на почетокот на овој месец, кога пациентите во нејзината приватна клиника во Преторија почнале да доаѓаат со симптоми на ковид-19, што „немале смисла“.

Младите од различни општествени слоеви велат дека чувствуваат интензивен замор, а шестгодишно дете имало многу брз пулс.

– Никој немаше губење на мирис или вкус – рече таа и додаде дека „симптомите беа толку различни и беа толку благи во споредба со оние што ги лекував претходно“.

Четворица членови од исто семејство кои биле позитивни на коронавирусот се пожалиле на истите симптоми меѓу кои и замор. Тогаш докторката го предупредила државниот советодавен одбор за вакцинација, пренесува Курир.

Таа рече дека дваесетина нејзини пациенти добиле позитивен тест со симптоми на новата варијанта, а приближно половина од нив не биле вакцинирани.

-Имавме интересен случај. Дете, на околу шест години, со висока температура и пулс. Се прашував дали да ја хоспитализираме. Кога проверив по неколку дена, таа беше подобра“, рече таа.

Кетзи во саботата информираше неколку африкански лекарски здруженија за своите наоди и јасно им стави до знаење на нејзините колеги дека сите нејзини пациенти се здрави денес, но да се грижи дека новата варијанта може да биде поопасна за постарите луѓе со коморбидитети.

„Она од што сега треба да се плашиме е дека кога постарите, невакцинирани луѓе се заразени со новата варијанта, можеме да очекуваме повеќе случаи на тешки форми на болеста“, рече таа.