Европа бележи пад на бројот на заболени од Ковид-19

Европа бележи пад на бројот на заразени од Ковид-19, објави денеска Светската здравствена организација за европскиот регион.

Здравствената агенција при Обединетите нации соопшти и дека податоците на Европскиот центар за контрола и превенција на болести покажале дека во 18 земји од Европската унија се регистрирани 212 случаи на корона сој омикрон, а тоа се претежно благи и асимптоматски случаи.

Сепак, СЗО предупреди дека се верува дека омикрон ќе продолжи да се развива, бидејќи пристигнуваат нови податоци за големината на сојот.

Во претходните седум дена, бројот на нови случаи во Европа се намали за два отсто (2,6 милиони случаи), додека три отсто помалку пациенти починаа во споредба со претходната недела (29.000 луѓе).