Кои лекови е добро да ги ставите во патниот куфер кога одите на одмор ?
- Патничката аптека нужно треба да вклучува лекови за намалување на покачената телесна температура и лекови против дигестивни нарушувања.
- Се препорачува и земање антиалергиски таблети и спрејови за заштита од инсекти.
- Не заборавајте да додадете заштитни маски и средство за дезинфекција на рацете.
- Пред да заминете во странство, задолжително проверете го или договорете го вашето здравствено осигурување за странство.!
✔️Помеѓу многуте ризици на кои е изложен патникот, заразните болести често имаат големо или долгорочно влијание врз здравјето. Ако знаеме како да ги минимизираме ваквите ризици и да следиме одредени правила , ова ни овозможува да имаме целосни искуства од патувањето, без разлика дали се работи за здрав млад, студент, семејство со мали деца, постар патник со хронична болест, и други. Пред сè, препораки како да се избегнат инфекции со храна и вода, болести кои се пренесуваат со директен и индиректен контакт, болести кои се пренесуваат од инсекти, како да се заштитиме со вакцинација или со лекови итн. Патникот мора да биде свесен дека неговото здравје за време на неговиот престој во некоја земја во голема мера зависи од него. Затоа, тој мора да добие јасни и сеопфатни информации кои се во согласност со најновите препораки на лекарската фела.
Во Центрите за Јавно здравје, во зависност од дестинацијата, времетраењето и видот на патувањето, лекар и/или медицинска сестра ги советува патниците како да го заштитат сопственото здравје за време на патувањето, што вклучува, меѓу другото, различни вакцини и заштита од маларија. Советувањето е приспособено и според здравствената состојба на поединецот и досега завршените вакцини. Најпогодно време за консултации за вакцинација и патна медицина, за да може сепак навреме да се изврши вакцинациската заштита пред патувањето, е 6-8 недели пред патувањето или најмалку 1 месец пред патувањето.