Во текот на 6-та недела од 2022 година (07-13.02.2022), во Република Северна Македонија пријавени се 157 (I=7,6/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, зголемување од 18,0% во споредба со минатата недела.
Во текот на 6-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 789 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 8 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 7 позитивни случаи, 5 Influenza A несубтипизиран и 2 Influenza A/H3.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 6-та недела од минатата сезона (n=40) е зголемен 3,9 пати, а во споредба со бројот за 6-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=3.314) се регистрира намалување од 95,3%. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно сѐ уште не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Во однос на возрасната дистрибуција, 87 лица се на возраст од 15-64 години, 44 кај деца на возраст од 5-14 години, 19 се регистрирани кај деца на возраст од 0-4 години и 7 кај лица на возраст над 65
години. Највисока инциденца (19,2/100.000) се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години.
Заболените се пријавени од 12 ЦЈЗ/ПЕ, во Тетово – 78, во Дебар – 24, а во останатите ЦЈЗ/ПЕ, бројот на пријавени е помал од 20. Во десет извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска активност на вирусот на грип, а во две (Тетово и Дебар) се регистрира сезонска активност