Во текот на 10-та недела од 2022 година (07.03-13.03.2022), во Република Македонија пријавени се 14 (I=0,7/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, намалување од 17,6% во споредба со минатата недела.
Во текот на 10-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 367 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 7 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, не се детектирани случаи на грип.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 10-та недела од минатата сезона (n=35) е намален за 60,0%, а во споредба со бројот за 10-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=1.679) се регистрира намалување од 99,2%
Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно оваа сезона не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.
Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 3.656. Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=751), бројот на пријавени случаи е зголемен за 4,9 пати, а во однос на моделот од последните 10 сезони (n=23.727) се регистрира намалување од 84,6%