И Хрватска го ограничува влезот од Јужна Африка

Хрватскиот национален штаб за цивилна заштита донесе одлука да го ограничи преминувањето на државната граница за сите кои доаѓаат од областа на Јужна Африка, со оглед на појавата на нова варијанта на коронавирусот.

Одлуката за преминување на границата се однесува на пристигнувања од Јужна Африка, Боцвана, Лесото, Намибија, Зимбабве и Конго и значи забрана за влез за странци, а за хрватските државјани воведување 14-дневен карантин и задолжително тестирање, пренесува порталот Индекс. .

Беше дадена препорака на ниво на Европската комисија за сите земји-членки на ЕУ.