Депресијата е сериозна, хронична медицинска состојба која може да влијае на секој аспект од животот на една личност, но има и значително влијание врз социјалната средина.
Eдно од најстарите познати ментални нарушувања. Тоа е болест која влијае на расположението, мислите, телото, болест која влијае на начинот на кој човекот јаде и спие, болест која влијае на начинот на кој човекот се перципира себеси и како размислува за работите и луѓето околу него.
Во денешното време, депресијата, поради својата распространетост и попреченоста што ја предизвикува и нејзината честа поврзаност со многу соматски заболувања, претставува еден од водечките здравствени проблеми во многу земји во Европа и светот.
Инциденцата на депресија кај популацијата се движи од 5-10%, а се проценува дека ризикот од развој на болеста во текот на животот е 20-30%.
Жените се разболуваат двапати почесто од мажите.
Депресијата е болест која може да доведе до самоубиство; 15% од луѓето кои се нетретирани или несоодветно третирани извршуваат самоубиство, а значително поголем број од нив се обидуваат да се самоубијат.
Депресијата може да го погоди секого, тоа не е знак на слабост или казна, туку болест која може да се надмине со рано препознавање и соодветен третман.
Знаци или симптоми кои укажуваат на депресија:
• Чувство на огромна тага што може да биде придружено со чувство на вина, безнадежност или инфериорност. Може да бидат присутни чувства на напнатост, вознемиреност, ирационална грижа и раздразливост.
• Губење на интерес и задоволство од вообичаените активности, што може да се манифестира со летаргија, тешкотии со концентрирање, слаба меморија и тешко одлучување.
• Тешкотии со спиење; несоница, често будење или прекумерна потреба за сон, со постојано чувство на замор и недостаток на енергија.
• Намалена грижа за себе; занемарување на личната хигиена и уредност.
• Намален или зголемен апетит со промени во телесната тежина.
• Чувство на безвредност на животот, од размислување на личноста дека е товар за неговата околина, чести мисли за смрт до планови за самоубиство.
Депресивните луѓе може да ги имаат некои или сите од горенаведените симптоми. Доколку тешкотиите продолжат најмалку две недели, неопходна е консултација со лекар.
Дали ми е потребен скрининг за депресија?
Работната група за превентивни услуги на САД препорачува редовно скрининг за депресија кај возрасни, вклучително и бремени жени и постпартални жени, како и процедури за следење.
Можеби сте доживеале некои симптоми на депресија, можеби и не , или не сваќате дека токму вашите чувства се симптоми на депресија,Скринингот може да ѓи забележи знаците кои можеби сте ги пропуштиле.
Ако неодамна сте имале состојба како срцеви заболувања, мозочен удар или рак, скринингот за депресија може да биде особено добра идеја. Депресијата и другите состојби на ментално здравје честопати одат рака под рака со други здравствени состојби или медицински придружни болести.
Депресијата се смета за фактор на ризик за некои состојби како што се кардиоваскуларни болести. Истражувањата покажуваат дека 40% на луѓе кои доживеале сериозен срцев настан ги исполнуваат критериумите за големо депресивно нарушување (MDD). Американското здружение за рак, исто така, проценува дека 1 од секои 4 луѓето со рак страдаат и од голема депресија.
PHQ-9 е скрининг прашалник за депресија кој ви помага да размислите како се чувствувате во изминатите две недели. Важно е да бидете искрени со вашите одговори. Се обидувате да дознаете повеќе за вашето ментално здравје, и ова е добра влезна точка за тоа.