Кина ќе обезбеди 2 милијарди дози вакцини до крајот на 2021 година

Кина планира да дистрибуира две милијарди дози вакцини ширум светот до крајот на 2021 година, објави кинескиот претседател Си Џинпинг синоќа за време на Генералното собрание на Обединетите нации.

„Кина ќе вложи максимални напори да испрати две милијарди дози вакцини до земјите низ светот до крајот на годината“, рече Кси, пренесе ТАСС.

Досега во Кина се одобрени шест вакцини од различни производители, а најкористените вакцини во светот се Синофарм (во 64 земји) и Синовак (во 40).