Македонија влезе во портокалова зона, а екстремно високите температури може да влијаат негативно и на децата.
Бидете сигурни дека ќе го заштитите вашето дете од топлината што е можно повеќе, внимавајте на симптомите и јавете се на вашиот педијатар доколку видите каков било симптом.
Спречете ги ефектите од екстремната топлина:
Кога временските услови не претставуваат ризик по здравјето, децата можат и треба да играат на отворено. Од друга страна пак, со температури над 40 степени и УВ индекс – 9 претставува значителен ризик по здравјето.
Сепак, постојат неколку чекори што можете да ги преземете за да се заштитите вашето дете.
Останете во климатизиран простор
Ако вашиот дом нема климатизација, пронајдете блиска зграда што има. Однапред испланирајте за безбедно место за вас и вашето семејство во време кога температурите се високи. Во текот на денот ако сте дома затемнете ги прозорците, ако е возможно направете провев.
Останете хидрирани
Охрабрете ги вашите деца редовно да пијат вода и да ја имате лесно достапна – дури и пред да ја побараат. Во жешки денови, на новороденчињата кои примаат мајчино млеко во шише може да им се даде дополнително мајчино млеко во шише, но не треба да им се дава вода – особено во првите шест месеци од животот. На новороденчињата ги храните со млеко во прав може да им се даде дополнителна формула во шише. Погледнете знаци на дехидратација кај доенчиња и деца.
Облечете се лесно
Облечете ги децата во облека што е светло обоена, лесна и ограничена на еден слој на абсорбента материјал што ќе го зголеми испарувањето на потта. Децата имаат помал капацитет за потење отколку возрасните.
Планирајте дополнително време за одмор
Топлината честопати може да ги натера децата и родителите да се чувствуваат уморни.
Разладувајте се редовно
Кога на вашето дете му е жешко, искапете го со млака до студена вода. Пливањето е уште еден одличен начин за разладување додека сте активни.
Никогаш не оставајте деца во автомобил или во друго затворено моторно возило
Температурата во автомобилот може брзо да стане многу повисока од надворешната – автомобилот може да се загрее околу 19 степени за само 10 минути и да продолжи да расте до температури што предизвикуваат смрт.