Креаторите на Спутник V: Руската вакцина за деца ќе биде десет пати послаба

Вакцината против коронавирус за деца на возраст од 6 до 11 години веројатно ќе биде 10 пати послаба од вакцината Спутник V за возрасни, пренесува ТАС С.

Вакцината би можела да се вика Спутник 2М, но се уште се размислува, изјави директорот на Центарот Гамалеја, Александар Гинтсбург.

-Спутник V може да се омекне пет до 10 пати. Најверојатно, ќе избереме поразредена концентрација. Сè уште не сме одлучиле за името на вакцината, може да биде Спутник 2М, бидејќи веќе постои Спутник М за тинејџери. Ќе морам да зборувам за тоа, а можеби и ќе смислиме друго име – рече тој.

Гинтсбург неделава соопшти дека документацијата за добивање дозвола за доставување клинички вакцини до Министерството за здравство.

Тој процени дека одлуката за давање дозвола за клинички испитувања може да трае околу еден месец.

– Се надевам дека можевме порано да добиеме одговор – заклучи директорот на Центарот Гамалеја.