Минатата недела две лица заразени со грип

Во текот на 13-та недела од 2022 година (28.03-03.04.2022), во Република Северна Македонија пријавени се 2 (I=0,1/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на
грип, намалување од 75,0% во споредба со минатата недела.

Во текот на 13-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 564 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 6 од сентинел САРИ надзорот, паралелно
тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 7 случаи на грип, 6 Influenza A/H3 и еден Influenza A несубтипизиран.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 13-та недела од минатата сезона (n=39) е намален за 94,9%, а во споредба со бројот за 13-та недела од типичната епидемиска крива
(моделирана од последните 10 сезони) (n=363) се регистрира намалување од 99,4%.

Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно оваа сезона не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип .

Во однос на возрасната дистрибуција, двете лица се на возраст од 15-64 години. Заболените се пријавени од ЦЈЗ Струмица