СЗО: Бројот на нови случаи на ковид е намален за 14%

Бројот на нови случаи на коронавирус во светот во текот на изминатата недела е за 14 отсто помал од претходната недела, додека бројот на починати е зголемен за 43 отсто.

Во соопштението на Светската здравствена организација се наведува дека повеќе од 10 милиони луѓе биле заразени со коронавирус минатата недела, додека повеќе од 45.000 пациенти починале, пренесува Тас.

СЗО објаснува дека поголемиот пораст на бројот на смртни случаи се должи на промената на дефиницијата за смрт од ковида-19 во Чиле и САД и променетите извештаи од Индија и регионот на Југоисточна Азија.

Според СЗО, од почетокот на пандемијата, коронавирусот е потврден кај речиси 482 милиони луѓе, додека повеќе од шест милиони починале.