Минатата недела нема заболени од грип

Во текот на 15-та недела од 2022 година (11-17.04.2022), во Република Северна Македонија нема пријавени случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип. За споредба,
минатата недела беше пријавен еден случај.

Во вирусолошката лабораторија при ИЈЗ РСМ, тестирани се 269 материјали, од кои 2 позитивни – Influenza A несубтипизирани. Во 15-та недела од минатата сезона беа пријавени 35 заболени лица, а во 15-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) бројот на просечно заболени бил 115.

Во сезоната 2021/2022 вкупниот број на случаи на грип/ заболувања слични на грип изнесува 3.679 (I=177,8/100.000). Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=995), бројот на пријавени случаи е зголемен за 3,7 пати, а во однос на моделот од последните 10 сезони (n=26.119) се регистрира намалување од 85,9%.