Мицотакис најавува рестрикции за невакцинираните во Грција

Грчката влада следната недела ќе воведе нови ограничувања за оние што не се вакцинирани против Ковид-19, изјави грчкиот премиер Киријакос Мицотакис по наглото зголемување на бројот на заразени од коронавирусот во последните недели.

Невакцинираните граѓани од понеделник, 22 ноември, нема да може да влезат во сите затворени простории, вклучително и кина, музеи и спортски сали, рече Мицотакис во телевизиско обраќање до нацијата, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Мицотакис рече дека неговиот план е Грција да има подобар Божик оваа за разлика од минатата година.

Новите мерки ќе значат дека невакцинираните возрасни граѓани повеќе нема да може да влегуваат во затворени простори со негативен резултат на ковид-тест.

Тој рече и дека потврдата за вакцинација за вакцинирани лица постари од 60 години ќе престане да важи седум месеци по примањето на вакцината.

Така, оваа возрасна група ќе добие еден месец да ја прими третата доза од вакцината.

Мицотакис рече и дека невакцинираните верници треба да имаат негативен лабораториски тест, на што веќе повика Синодот на Грчката православна црква.