Можно е короната да се шири низ окото, докотор Лазаров упати апел до колегите

Откако во светот проструи веста дека коронавирусот може да се шири преку аеросолите кои се шират преку контакт со заболено лице, а инфекцијата може да се добие и со нивно таложење на окото, реагираше докторот Ненад Лазаров, специјалист од Скопје. Тој упати апел до колегите.

„Колеги, апелирам да носите визири или било каква друга заштита за очите, се поочигледно станува дека недоволно заштитена влезна врата за коронавирусот се конјунктивите. Имаме уште некоја количина на бесплатни визири, кажете ако ви треба, заштитете се“, напиша Лазаров.

Во една од студиите пишува и: „Близината со заразените претставува најголем ризик. Во моментов, претпоставените главни модалитети на вирусна инвазија вклучуваат вдишување или контаминација на површината на мукозата со рака. Таложењето капки на површината на окото не се исклулчува како варијанта, бидејќи е честа рута за пренос“.

Линк до неа