Над 1.000 починати од коронавирус во Русија

Русија регистрираше повеќе од 1.000 смртни случаи од коронавирус за 24 часа, првпат од почетокот на пандемијата.

Дневниот број на жртви од Ковид-19 се зголемува во последните шест дена и достигна 1.002 лица во последните 24 часа.

Бројот на дневни случаи, исто така, постави нов рекорд, со 32.196 заразени.

Москва сѐ уште е најтешко погодената област во земјата, со 6.545 нови случаи на коронавирус, а потоа следи Санкт Петербург со 3.088.

До петокот, 45,3 милиони луѓе, или 31 проценти од вкупното население во Русија, биле целосно вакцинирани против коронавирусот.