Во текот на 11-та недела од 2022 година (14.03-20.03.2022), во Република Северна Македонија пријавени се 12 (I=0,6/100.000) случаи на групни пријави за заболени од грип/ заболувања слични на грип, намалување од 14,3% во споредба со минатата недела.
Во текот на 11-та извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на ИЈЗ РСМ, пристигнаа 377 материјали за лабораториско тестирање на грип од кои 5 од сентинел САРИ надзорот, паралелно тестирани за грип и COVID-19. Притоа, детектирани се 2 случаи на грип, Influenza A несубтипизирани.
Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 11-та недела од минатата сезона (n=82) е намален за 85,4%, а во споредба со бројот за 11-та недела од типичната епидемиска крива (моделирана од последните 10 сезони) (n=1.070) се регистрира намалување од 98,9%. Пријавената инциденца е под неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип (I=30,9/100.000), односно оваа сезона не е достигнат прагот на влез во сезоната на грип.