Норвешка ги заострува мерките против Ковид-19

Норвешка дополнително ќе ги заостри ограничувањата против коронавирусот оваа недела за да го спречи понатамошното ширење, изјави денеска норвешкиот премиер Јонас Гар Стор за новинската агенција НТБ.

„Ситуацијата е сериозна. Ширењето на заразите е големо и мора да преземеме мерки за да го спречиме тоа”, изјави премиерот Сторе, пренесува „Ројтерс“.

Според британската агенција, Норвешка поставува рекорди и во однос на нови случаи на коронавирус и во однос на хоспитализацијата, делумно поради ширењето на вирусот омикрон.