Превентивни препораки за дружење за време на празниците

Happy family having a Christmas dinner at home

Да ја спречиме евентуалната инфекција за време на празничното дружење и да се грижиме за нашите најблиски следејќи ги најважните препораки.

Одлучуваме за посета само ако сме здрави и без знаци на акутна респираторна или гастроинтестинална инфекција. Пред се, важно е во случај на знаци и симптоми на болеста, како што се  малаксаност, болки во мускулите, треска, кашлица, да останеме дома и да се консултираме телефонски со нашиот избран лекар и да ги следиме неговите упатства.

Во време на зголемена појава на респираторни инфекции избегнуваме затворени простори каде престојуваат голем број луѓе. Обезбедуваме редовно проветрување на затворените простори.

Избегнуваме близок контакт со луѓе кои покажуваат знаци на заразна болест. Дури и во спротивно, кога се среќаваме со други, го следиме правилото за физичко растојание и почитуваме безбедно растојание од 1,5 или 2 метри, соодветно.

Ги миеме рацете редовно и темелно со сапун и вода. Ако сапун и вода не се достапни, дезинфицирајте ги рацете со посебен средство за дезинфекција на рацете. Содржината на етанол во средството за дезинфекција на рацете треба да биде најмалку 60%.

Не го допираме нашето лице (очи, нос и уста) со нечисти/неизмиени раце.

Ја почитуваме правилната хигиена на кашлицата (пред да кашламе/киваме, покријте ја устата и носот со марамче или кашлајте/кивајте во горниот дел од ракавот). По секоја употреба, фрлете го марамчето во ѓубре, а потоа измијте ги рацете со сапун и вода.

При користење на маски потребно е да се внимава на  правилното поставување и вадење на маската и да се почитува принципот на не допирање на маската при употреба.

Употребата на заштитна маска за лице (по можност тип IIR или FFP2/N95) е особено разумна за луѓето кои припаѓаат на ранливи групи на население, кога престојуваат во затворени простори каде што има голем број луѓе и кога не е можно да одржуваат соодветно меѓучовечко растојание.