Речиси 10.000 новозаразени со ковид изминатата недела

Тестирани се вкупно 33.421 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,2% во однос на минатата недела. Регистрирани сe 9.982 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, со намалување од 16,2% во однос на минатата недела. Процентот на позитивност се движи од 22,5% до 35,6%, просечно 29,5%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци.

Согласно новиот алгоритам за оздравување во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнало 11.122 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување.

Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 1.340 реинфекции, со намалување за 14,0% во однос на претходната недела.

Пријавени се 147 смртни случаи во 24 градови во текот на изминатата недела, за 0,7% помалку во однос на минатата недела. Најголем дел од нив се од Скопје (51).