Ригорозни мерки за невакцинираните се очекуваат од Комисијата, состанокот е закажан

Комисијата за заразни болести ќе има состанок на кој ќе бидат разгледани нови мерки за спречување на Ковид-19 вирусот и ќе се однесуваат на невакцинираните. Се очекува драстично поригорозни и построги мерки, за разлика од претходните кои важеа до сега. Владата пак, ќе го даде конечниот збор. Болничкиот систем е веќе оптоварен.

„Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем“, изјави Филипче.

Во сила е и мерката, при влез во објекти и на настани граѓаните да приложат сертификат за примени две дози вакцина или потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето. Досега можеше да се влезе и со една доза примена вакцина.