СЗО: Досега регистрирани 1.600 случаи на мајмунски сипаници во 39 земји

Светската здравствена организација (СЗО) има информации дека од почетокот на годинава мајмунски сипаници се потврдени кај 1.600 луѓе, а сомнителни се уште 1.500 случаи во 39 земји, соопшти денеска директорот на таа организација Тедрос Аданом Гебрејесус.

Тој прецизираше дека меѓу тие земји има седум во кои со години е присутна мајмунска сипаница, а дека сега се погодени 32 земји, пренесува ТАС С.

Според него, пријавени се 72 смртни случаи од претходно погодените земји.

Тој додаде дека нема пријавени смртни случаи во земјите каде неодамна се појавија мајмуните сипаници, иако, како што рече, СЗО ги проверува извештаите од Бразил за смртта поврзана со таа болест.

Тедрос изјави дека СЗО не препорачува масовна вакцинација против мајмунски сипаници.