Трагедија: Почина млада девојка од Велешко последица на корона

23-годишна девојка почина ноќеска од последиците на ковид-19 во болницата во Велес. Таа е велешкото село Иванковци, во модуларната болница била донесена на 23 октомври, а на 28 октомври е регистрирано дека е позитивна на коронавирусот.

„Пациентката која беше хоспитализирана седум дена, имаше коморбидитети, церебрална парализа, неподвижна со параплегија и епилепсија. Пациентката не е вакцинирана“, соопшти Велешката болница за СДК.мк.