Нема трета доза Фајзер во Америка

Влијателниот советодавен одбор на Американската администрација за храна и лекови (ФДА) денеска го отфрли планот да им понуди дополнителна, трета доза на вакцина Фајзер против ковид -19 за мнозинството Американци.

Панел независни експерти собрани од Администрацијата за храна и лекови гласаа со 16 гласови „за“ и 12 „против“, а членовите изразија незадоволство што „Фајзер“ не обезбеди доволно податоци за безбедноста на дополнителните дози, објави Гласот на Америка.

Според Гласот на Америка, ова нанело удар врз администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден, која се обидува да ја зајакне заштитата на граѓаните од делта сојот.

Многумина се прашуваат дали е соодветна дополнителна вакцинација на речиси сите делови од населението, наместо да се даваат дополнителни вакцини на одредени групи.

И водачите на ФДУ и советодавниот одбор, посочија дека се подготвени уште еднаш да гласаат дали да препорачаат дополнителни дози на постарите Американци или други групи со поголем ризик од болести.

Расправата траеше неколку часа.

Членовите на комисијата, исто така, се пожалија дека податоците дадени од израелски истражувачи за третата доза можеби не се соодветни за да се предвиди ситуацијата во Соединетите држави.

Научниците внатре и надвор од американската влада во последните денови беа поделени во врска со потребата за дополнителни дози и за тоа кој треба да ги прими, додека Светската здравствена организација силно се противи на богатите нации да им даваат трета доза на нивните жители, додека сиромашните земји немаат доволно вакцини за првата доза.