Ќе воведе ли Германија задолжителна вакцинација

Откако Австрија најави воведување задолжителна вакцинација во февруари, во соседна Германија истакнуваат дека такво нешто нема да воведат.

– Во Германија нема да има такво нешто – изјави шефот на германската дипломатија Хајко Мас за весникот „Билд“.

Тој нагласи дека Германија смета дека тоа не е потребно, а тешко е да се спроведе уставно и законски.

Политичарката од ФДП задолжена за здравство, Кристина Ашенберг-Дугнус, истакнува дека заканата од вакцинација не помага.

– Особено земјите со драматична бројка на корона треба да се концентрираат на проширување на понудата за вакцинација и примена на нови мерки – рече таа.