100 долари за секој што ќе се вакцинира до крајот на годината во Њујорк

Жителите на Њујорк што ќе се вакцинираат до крајот на годината ќе добијат по 100 долари, најави градоначалникот Бил де Бласио.

Според него, Њујорк повеќе не може да се соочи со затворање училишта и компании, како што беше случај за време на првиот бран на Ковид-19, пренесува британскиот весник „Гардијан“.

Сепак, сѐ уште не е одлучено дали градската новогодишна прослава на Тајмс сквер ќе продолжи според планираното.

Минатата година се одржа скромна прослава, но Де Бласио се надева дека годинешниот прием ќе биде во полн сјај.