19 позитивни на коронавирус во болницата во Демир Хисар

Во Психијатриската болница Демир Хисар во моментов има вкупно 296 пациенти. Од нив, по тестирањето на 58 пациенти, позитивни на ковид-19 се 19 пациенти од три одделенија, информираат за Телма од Министерството за здравство.

Што се однесува на возрасната група на заболените, еден пациент е на 27 годишна возраст, а останатите пациенти се на возраст од над 55 години.
Според информацијата од Министерството за здравство од 19-те позитивни пациенти, еден пациент е починат на 73-годишна возраст во Градската општа болница „8 Септември“.