453 нови случаи на ковид минатата недела, починало едно лице

Тестирани се вкупно 7.211 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 5,0% во однос на минатата недела (n=6.869).

Регистрирани сe 453 нови позитивни случаи од 23 градови во државата, со намалување од 9,9% во однос на минатата недела (n=503). Процентот на позитивност се движи од 3,4% до 7,1%, просечно 6,0%.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=311; 68,7%) а највисока неделна инциденца е регистрирана во Берово – 82,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=164; 36,2%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=8; 1,8%).

Во однос на претходната недела, се регистрира намалување скоро кај сите возрасни групи (со најзабележително намалување од 54,1% кај возрасната група 10-19), а зголемување се регистрира кај возрасните групи од 20-29 години (25,8%) и 40-49 години (16,7%).

Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 455 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 0,9% повеќе во споредба со минатата недела (n=451). Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 86 реинфекции, со зголемување од 26,5% во однос на претходната недела (n=68).

Пријавен е еден смртен случај од Скопје во текот на изминатата недела (30.05-05.06.2022), во споредба со 2 починати лица во текот на претходната недела. Во однос на возраста, случајот е од возрасната група над 60 години.