99% од случаите на ковид во Словачка се предизвикани од делта сојот

Делта сојот е откриен во скоро сите нови случаи на ковид, регистрирани во август, изјави денеска директорот на словачкиот институт за јавно здравје, Јан Микас, додавајќи дека лабораториите го потврдиле неговиот факт откривајќи дека 99 проценти од случаите на ковид се предизвикани од вирусот што првпат се појави во Индија.

Во август беа секвенционирани 1.085 позитивни примероци, и од тој број, делта беше откриена во 1.073 примероци, додека алфа -вирусот (британски) беше откриен во 11.

„Само еден примерок е различен вид“, додаде Микас, пренесува ТАСР.