Лешоски: Престанете да се затскривате и да понижувате род, некој им дозволил толку време да постојат

Ако имате кафана, наречете ја како сакате “Телеграм”, “Вибер”, “Фејсбук”… И во моментот кога ќе влезат: нео-нацисти кои ви ги тепаат Евреите муштерии, педофили кои ви ги “меркаат” децата, силеџии кои ви ги “меркаат” жените.  Вие ги оставате да “си ја продолжат работата”, ги исфрлувате на клоци надвор или доколку било кој од вашите останати муштерии пријави во полицијата вие: “го штитите нивното право на слобода на говор или право на различност на мислење” и “немање пракса на соработка со било која од светските владини институтции поради штитење на правото на приватност и кредото дека приватноста на корисниците во вашата апликација(кафана) е најзагарантирано…,  бла бла бла правни флоскули кои се косат со основни етички човечки норми установени и општоприфатени од камено доба.
Не! напиша на својот ФБ профил поетот  Дарко Лешоски.

Лешоски во објавата додава:

Го правите она што сите би го направиле, се разбира.
Само што тоа – не носи пари!
А нас одамна ни се парите поважни дечки!
И од честа и од приватноста и од етиката и од се!
Затоа никој ништо не му може ни на Телеграм, нит на Фејсбук, нит на Гугл, нит на Инстаграм…и да не одам!
Суровата приказна стара приказна за Тепларите од Силиконската долина кои се побогати од самиот Свет и газат се пред себе – без тронка одговорност.
Се сеќавате кога психопатот од Нов Зеланд во живо го емитуваше масакрот од џамијата?
На прашањето зошто не се ревидира етички и морално секој пост пред да биде објавен и да предизвика слики кои никогаш човештвото нема да може да ги избрише бирократските одговори на ФБ беа: дека е тоа многу захтевен и скап процес, речиси невозможен. Повторувам:
Скап.
Рекоа најбогатите луѓе на светов.
Нацизмот, Сребреница и многу пиздарии во светот не се случија само затоа што не реагирале никој, ами затоа што и покрај тоа што многу реагирале “некој” дозволил.
Кога “кафаната” Фолксваген произведе милиони автомобили,кои ете испуштаат малку повеќе моноксид не го прашааа колку е скапо што тоа си го дозволил.
Ги повлече. Плати.
Престанете да се затскривате и да понижувате род дека сите во МК биле мажиња и не знам ти што. Некој им дозволил толку време да постојат.
И тоа “некој” не само МВР, “кафаната” се вика Телеграм драги жени.
Имате шанса да смените многу работи, глобално големи, за кои признавам – мажите се мноогу помалку способни.
Некои работи се случуваат кај некого дома – време е да чукнете и на вратата на “стопанот”.
А “стопанот” не отворал на никој па ни на МВР! И тоа втор пат! Ма немој?!
Лека ноќ!