Во последните 24 часа во Македонија се потврдени 10 нови случаи на коронавирус, две лица починаа, а 16 пациенти оздравеа, соопшти Министерството за здравство.
Направени се 2.473 тестирања. Во Скопје има седум нови случаи и во Прилеп , Тетово и Струга – по еден.
Пријавени се две починати лица од Гостивар (67г) и Тетово (62г), починати во болнички услови.
Досега во земјата се направени вкупно 955.617 тестирања на Ковид-19.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 156.086 бројката на оздравени пациенти е 150.295, на починати е 5.491, а бројот на активни случаи изнесува 300.