Норвешка ги укинува рестриктивните мерки: „По 561 ден време е да се вратиме на нормалниот живот“

Норвешка утре ќе стави крај на рестриктивните мерки кои ја ограничија социјалната интеракција и им ја отежнаа работата на компаниите, пренесува Ројтерс.

– Поминаа 561 ден откако ги воведовме најстрогите рестриктивни мерки во Норвешка. Дојде време да се вратиме на нормалниот живот – рече премиерката Ерна Солберг.

Рестриктивните мерки ќе завршат в сабота во 16 часот, додаде таа.

Одлуката повеќе да не се бара социјална дистанца ќе овозможи културните и спортските настани повторно да бидат со полн капацитет.

Солберг спроведе три од четирите фази на планот за укинување на социјалните и економските ограничувачки мерки, но последната фаза беше одложена неколку пати поради стравувањата од зголемен процент на инфекција.

– Накратко, можеме да се вратиме во нормала – додаде Солберг.

Во Норвешка, 76 проценти од населението примило барем една доза од вакцината против ковид, додека 67 проценти биле ревакцинирани.

„Сакам да кажам – Норвешка, ти благодарам многу“, рече Солберг.