Вакцинацијата се одвива со добро темпо на територијата на целата држава. Заклучно со 17ти октомври, со една доза на вакцина против Ковид 19 вакцинирани се 49,4% од населението над 18 годишна возраст. Кај лицата над 40 годишна возраст опфатот со една доза изнесува 57%, кај лицата помеѓу 18-39 години опфатот со една доза на вакцина изнесува 33%.
Според последните податоци, најмногу со прва доза вакцинирани граѓани има во градовите Охрид(65,1%), Кавадарци(65,3%), Неготино(66,3%), Гевгелија(62,4%) и Ресен(60,6%). Помеѓу 50-60% опфат на вакцинирано население со прва доза има во градовите Битола, Кичево, Велес, Берово, Пехчево, Прилеп, Крушево, Скопје, Валандово, Штип, Пробиштип. Помеѓу 40-50% опфат на вакицнинирани граѓани има во градовите Кичево, св.Николе, Кочани, Виница, Делчево, К.Паланка, Струга, М.Брод и Тетово. Помеѓу 30-40%, односно најмалку вакцинирани во моментов има во Куманово, Кратово, Дебар, Струмица, Гостивар и Радовиш.
Во тек е вакцинација во постоечките вакцинални пунктови во државата, каде граѓаните може да се вакцинираат без да закажат термин. Вакцини има доволно и истите се достапни за сите што сакаат да се вакцинираат. Со извршена комплетна вакцинација се заштитувате себеси и своите најблиски од компликации на болеста предизвикана од вирусот Ковид-19. Вакцините штитат од смртен исход и спречуваат натамошно ширење на вирусот. Ги повикуваме сите кои досега не се вакцинирале, да го направат тоа во најскоро време на еден од најблиските пунктови до местото на живеење.