Одобрено е давање трета бустер доза вакцина против ковид-19 за граѓаните на Република Северна Македонија, соопштија од Здравствениот центар Врање, јави дописникот на МИА од Белград.
Бустер дозата на вакцината против ковид-19 во Србија се дава на сите лица кај кои е завршена примарната вакцинација и од втората доза поминале четири или пет месеци во зависност од типот на вакцината.
Се остава можност лицето кое ќе се вакцинира да го избере типот на вакцината што ќе ја прими како бустер доза.
Според податоците, до средината на октомври околу 12 илјади луѓе од Македонија примиле две дози вакцина во Врање.