Белгија го забележа првиот случај на новиот вид коронавирус, кој се шири во Јужна Африка, изјави министерот за здравство.
Министерот соопшти дека варијантата Б1.1.529 е откриена кај невакциниран патник што влегол во Белгија и бил позитивен на 22 ноември, пренесува „Де Морген“.
Претходните случаи беа ограничени на Јужна Африка, Боцвана и еден случај во Хонг Конг, увезен од патник.