Холандскиот премиер Марк Руте денеска најави нови мерки за борба против коронавирусот, кои, меѓу другото, предвидуваат баровите, рестораните и повеќето продавници во Холандија да бидат затворени од 17 часот до 5 часот наутро.
Исто така, во средните училишта се воведува обврска за носење маски, рече Руте во телевизиско обраќање во Хаг, пренесе Ројтерс.
Мерките стапуваат на сила во недела, 28 ноември, поради рекордниот број новозаразени и хоспитализирани пациенти со Ковид во Холандија.