Омикрон-сојот на коронавирусот досега е потврден во 38 земји во светот, изјави денеска Марија ван Керхове, експерт од Светската здравствена организација (СЗО).
„Имаме извештаи за омикрон во 38 земји, во сите шест региони на СЗО“, рече таа додавајќи дека податоците од Јужна Африка покажуваат дека бројот на случаи на омикрон во таа земја расте, пренесува „Тасс“.
Постојат претпоставки дека има зголемна стапка на пренос, а податоците сугерираат дека омикрон-сојот предизвикува заболување со симптоми што може да осцилираат од благи до тешки и потребно е време да се утврди дали овој сој е одговорен за зголемувањето на бројот на хоспитализации во Јужна Африка.
Таа исто така рече дека не е јасно дали тековните вакцини се ефикасни против новиот сој.