Тестирани се вкупно 6.869 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со намалување од 13,3% во однос на минатата недела (n=7.923).
Регистрирани сe 503 нови позитивни случаи од 22 градови во државата, со зголемување од 2,4% во однос на минатата недела (n=491). Процентот на позитивност се движи од 2,3% до 10,3%, просечно 6,7%.
Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (n=356; 70,8%) каде се регистрира и највисока неделна инциденца – 58,6/100.000.
Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години (n=176; 35,0%). Најмал број е регистриран кај возрасната група од 0-9 години (n=13; 2,6%).
Во однос на претходната недела, се регистрира намалување кај возрасните групи од 0-9 години, 40-49 години и 20-29 години (со најзабележително намалување од 26,0%), додека зголемување има кај возрасните групи од 30-39 години, над 60 години и 50-59 години (најзабележително зголемување од 25,0%). Кај возрасната група од 10-19 години се регистрира непроменет број на заболени во однос на претходната недела. Во текот на минатата недела со статус „оздравени“ се стекнале 451 лице во хоспитализирани услови или на домашно лекување, 16,5% помалку во споредба со минатата недела (n=540).
Во текот на минатата недела вкупно се пријавени 69 реинфекции, со намалување од 11,5% во однос на претходната недела (n=78).
Пријавени се два смртни случаи, од 2 градови со датум на смрт во текот на изминатата недела (23-29.05.2022), за еден повеќе во споредба со претходната недела. Случаите се на возраст над 60 години, од Прилеп и Куманово.