Може да е инфекција на увото. Децата имаат поголема веројатност од возрасните да добијат инфекции на увото. Разговарајте со докторот на вашето дете за најдобриот третман.
Некои инфекции, како што се инфекциите на средното уво, имаат потреба од антибиотски третман, но повеќето можат сами да се подобрат без антибиотици.
Што е инфекција на увото?
Постојат различни видови на инфекции на увото. Инфекцијата на средното уво (акутен отитис медиа) е инфекција на средното уво. Друга состојба што го зафаќа средното уво се нарекува отитис медиа со излив. Тоа се случува кога течноста се акумулира во средното уво без да биде заразено и без да предизвика треска, болка во увото или акумулација на гној во средното уво.
Кога надворешниот ушен канал е заразен, состојбата се нарекува „пливачко уво“, што се разликува од инфекција на средното уво.
Причини
Инфекциите на средното уво може да бидат предизвикани од:
• Бактерии, како Streptococcus pneumoniae и Haemophilus influenzae – двете најчести бактериски причинители
• Вируси, како оние што предизвикуваат настинка или грип
Симптоми
Вообичаени симптоми на инфекција на средното уво кај децата може да вклучуваат:
• Болка во увото
• Треска
• Вознемиреност или раздразливост
• Триење или влечење за уво
• Тешкотии со спиење
Кога да се побара медицинска нега
Посетете лекар ако вашето дете има:
• Треска од (39°C) или повисока
• Гној, исцедок или течност што доаѓа од увото
• Влошување на симптомите
• Симптоми на инфекција на средното уво кои траат повеќе од 2-3 дена
• Губење на слух
Веднаш посетете лекар ако вашето дете е помладо од 3 месеци и има треска поголема од 38 °C
Третман
Вашиот лекар може да постави дијагноза на инфекција на средното уво со отоскопски преглед да се провери тапанчето и да види дали има гној во средното уво.
Антибиотиците често не се потребни за инфекции на средното уво, бидејќи имунолошкиот систем на телото може да се бори со инфекцијата сама по себе. Но, понекогаш се потребни антибиотици, како што амоксицилин, за лекување доенчиња, тешки случаи или случаи кои траат подолго од 2-3 дена. За благи случаи на инфекција на средното уво, вашиот лекар може да препорача внимателно чекање или одложено препишување на антибиотици. Ако вашето дете не се чувствува подобро по 2-3 дена, дополнителни течности и лекови против болки, лекарот ќе напише рецепт за антибиотик.
• Одложено препишување: лекарот на вашето дете може да ви препише антибиотик, но тоа ќе го направи
и ке ви предложи да почекате 2-3 дена за да видите дали вашето дете е сè уште болно пред да го употребите.
Како да се чувствувате подобро
Некои начини да се чувствувате подобро – без разлика дали се потребни или не антибиотици за инфекција на увото:
• Одмор.
• Пијте дополнителна вода или други течности.
• Земете ацетаминофен или ибупрофен за ублажување на болката или треската. Прашајте го вашиот лекар или фармацевт кои лекови се безбедни за вашето дете да ги земе и каква доза да му дадете на вашето дете.
ПРЕВЕНЦИЈА
- Погрижете се вашето дете да биде уредно вакцинирано, по календар за задолжителна имунизација.
- Пневмококната вакцина штити од Streptococcus pneumoniae, честа причина за инфекции на средното уво
- Редовно миење на рацете.
- Доите исклучиво додека вашето бебе не наполни 6 месеци и продолжете да доите најмалку 12 месеци.
- Не пушете и избегнувајте изложување на пасивно пушење.