Пиротехнички повреди – празничен предизвик што може да се спречи

Новогодишните празници се пред нас и оваа година, како и претходните, ќе  се  прослават  со професионална употреба на пиротехнички средства.Ќе има и  луѓе кои планираат да ја испратат годината што е зад нас со визуелни и звучни ефекти во семејна средина. Сите тие треба да имаат на ум дека употребата на пиротехнички средства во сопствен аранжман често може да излезе од контрола и да предизвика повреди и бројни други несакани последици.

Повредите предизвикани од пиротехнички средства најчесто се случуваат на приватни и семејни веселби!

Американската комисија за безбедност на потрошувачите истакна дека во текот на 2020 година, поради епидемијата на вирусот COVID-19, имало поголема употреба на пиротехнички средства, пред се огномет, во домашни услови. Според извештајот на Комисијата, во текот на 2020 година, речиси една третина  од евидентирани  повреди  се предизвикани од пиротехнички средства за кои била потребна итна помош во здравствените установи, во однос на периодот пред пандемијата.

Годими наназад, повредите предизвикани од пиротехнички средства оставија сериозни последици за десетици илјади луѓе ширум светот.

Мажите се повредени три пати почесто од жените, најчесто поради несоодветно ракување со пиротехнички средства, додека жените најчесто случајно се повредени на јавни места и настани. Посебно загрижува фактот што најголем број повредени се млади луѓе. Децата до 16 години сочинуваат речиси половина од повредените, а најчесто повредени се момчињата на возраст од 10 – 14 години.

Најчести повреди предизвикани од пиротехнички средства – речиси секоја втора – се ИЗГОРЕНИЦИТЕ, а најмногу се зафатени лицето, прстите и рацете. Чести се и повредите на очите, првенствено изгореници на рожницата, но и механички оштетувања предизвикани од влегување на туѓо тело во окото, што може да предизвика делумно или целосно губење на видот. Честопати има проблеми со слухот кои може да варираат од непосредна глувост и ѕвонење во ушите до пукнати тапанчиња и оштетување на слухот од различен степен.Експлозивниот ефект на пиротехничките средства може да предизвика делумна или целосна ампутација на еден или повеќе прсти.

Причината за секоја втора настаната повреда е несоодветно ракување со пиротехниката (непочитување на писмените упатства за употреба и несоодветен транспорт и складирање). Неисправноста на пиротехничките средства е причина за секоја трета повреда.

СИТЕ СПОМЕНАТИ ПОВРЕДИ 100% МОЖЕ ДА СЕ ПРЕВЕНИРААТ, ОДНОСНО НИВНАТА ПОЈАВА МОЖЕ ДА СЕ СПРЕЧИ!

За да ја избегнете или минимизирате можноста себеси или вашите најблиски да се доведете во ситуација да бидете повредени од пиротехнички средства, неопходно е да ги следите следниве совети:

  • Секогаш купувајте пиротехнички средства во овластени продавници!
  • Не ги правете самостојно,  Дома!
  •  Чувајте ги во оригинално пакување, на темно и суво место, недостапно за деца и домашни миленици!
  • Секогаш внимателно читајте ги и следете ги упатствата на производителот пред употреба!
  • Користете ги само на отворено, на безбедно растојание од запаливи материјали, луѓе и животни!
  • Никогаш не палете повеќе од една петарда во исто време!
  • Никогаш не обидувајте се повторно да ги запалите петардите или огнометите кои не успеале да згаснат од непознати причини!
  • Кога користите огномет, секогаш имајте сад со вода со вас во случај на пожар!
  •  Алкохолот и пиротехниката НЕ ОДАТ ЗАЕДНО!

УПОТРЕБАТА НА ПИРОТЕХНИКА ИМА БРОЈ ДРУГИ НЕГАТИВНИ ЕФЕКТИ:

♦ ПРАВИ БУЧАВА И ГИ  ЗАГРОЗУВА ДРУГИТЕ! Човечкото уво може да поднесе бучава од максимум 85 децибели, додека петардите произведуваат многу високо ниво на бучава, понекогаш и над 140 децибели. Бучавата на ова ниво може да предизвика привремено губење на слухот, понекогаш трајно оштетување. Кај бебињата и малите деца, звукот на петарди и огномет предизвикува интензивно чувство на непријатност. Петардите се голема непријатност за болните и постарите граѓани кои често не можат да поднесат ненадеен шок или траума, која може да биде опасна по живот.

ИМАЈ НА  УМ  ДЕКА НЕ СИТЕ НИ ЈА ДОЖИВУВАМЕ  БУЧАВАТА НА ИСТ НАЧИН – СЕНЗОРНИТЕ И ВИЗУЕЛНИТЕ ЕФЕКТИ НЕ СЕ ЗА СИТЕ – ДА БИДЕМЕ СОЛИДАРНИ СО ОНИЕ КОИ СЕ РАЗЛИЧНИ

Децата од спектарот на аутизам различно реагираат, најчесто многу бурно, на стресните фактори од околината, додека на родителите им е многу тешко вознемирено дете да го смират и да ја контролираат ситуацијата. Најчестиот симптом на децата со аутизам е всушност екстремната чувствителност на бучава. Секојдневните звуци можат да предизвикаат екстремна болка, напади на врескање и вознемиреност. Децата со аутизам реагираат и на многу потивки звуци и звукот на петарди и огномет го доживуваат како напад. Најмногу им пречат непредвидливите и вознемирувачки ситуации, а нивните реакции ќе бидат различни. За некои аутисти, неочекуван настан како петарди или огномет може да предизвика вознемиреност и стрес кој може да трае многу долго, дури и неколку часа. Децата кои ја доживуваат бучавата како непријатна сензација, па дури и како физичка болка, развиваат одбранбени реакции (како покривање на ушите) и реакции на избегнување (барање место без бучава).

Но… не треба да се лишуваат од визуелното задоволство и чувството на среќа и задоволство што може да го пружи празничната атмосфера. Се препорачува да се следат некои основни совети кои родителите веројатно ги практикуваат…

Неопходно е да се направи план и да се „подготви теренот“:

  • Гледајте филм со сцена со огномет и гледајте ги реакциите на детето.
  • Подгответе го за настаните од моментот кога ќе ја напушти куќата до пристигнувањето на местото на прославата – објаснете што може да очекува од сообраќајниот метеж до самото менување на боите на небото поради огномет.
  • Донесете слушалки за поништување шум или исклучете ги гласните звуци. Можете да ја пуштите и неговата омилена музика – која  ќе го опушти.
  • Подгответе и очила за сонце кои ќе ги намалат силните светла на огнометот што исто така може да предизвика сензорна непријатност.
  • Донесете и одвлекување на вниманието во форма на омилени закуски или играчки. Гледајте го огнометот од доволна далечина за да биде што помало нивното стимулирачко дејство врз детето.

И што е најважно – ЗАБАВУВАЈТЕ СЕ ! Насмевката на вашето лице е многу важен сојузник – затоа што кога вашето дете ќе ве види насмеани, неговиот страв и вознемиреност ќе се намалат и ќе се чувствува посамоуверено.

ПРСКАЛКИ – безбедни или не ?

Родителите често ги сметаат прскалките за безопасна забава за децата и им дозволуваат да си играат со нив како обични играчки. Сепак, треба да се има предвид дека со прскалките мора внимателно да се ракува, имајќи предвид дека тие можат да предизвикаат сериозни изгореници, особено кога станува збор за деликатната кожа на децата, која е многу потенка од кожата на возрасните.

Блескави, сјајни, разнобојни… прскалки претставуваат незаменлив украс на новогодишните и божиќните празници, но и на многу други групни или индивидуални прослави ширум светот. Опасноста од користење на прскалки често се потценува, додека статистиката покажува дека секоја година голем број луѓе се повредени од оваа навидум безопасна форма на забава. Помеѓу 10 и 16% од сите повреди во светот предизвикани од употреба на пиротехнички средства се предизвикани од прскалки. Посебно загрозени се најмладите, а доказ за тоа е дека повеќе од половина од повредените се деца помлади од 14 години.

ДАЛИ СЕ ОПАСНИ И КОЛКУ?

Прскалките се тенки метални стапчиња, обично долги 20-40 см, до половина премачкани со смеса која гори создавајќи специјални светлосни ефекти и која се состои од прав од различни метали (алуминиум, цинк, железо, магнезиум…) кои придонесуваат за искра и бојата на пламенот. За да почне прскалката да исфрла искри, потребно е да му се запали врвот и ќе изгори од врвот надолу кон металната рачка што не гори, што придонесува за постепено гасење на пламенот. Родителите често ги сметаат прскалките за безопасна забава за децата.Во зависност од составот и големината, некои видови прскалки можат да развијат екстремно високи температури, дури и до 1000 степени Целзиусови, односно да бидат десет пати потопли од зовриена вода или масло во тава.

ТРЕБА ДА ЗНАЕТЕ ДЕКА ИЗГОРЕНИЦИ ОД  ТРЕТ СТЕПЕН  МОЖЕ ДА СЕ СЛУЧАТ ВЕЌЕ НА ТЕМПЕРАТУРА ОД 100⁰C!

КАКО БЕЗБЕДНО ДА ГИ КОРИСТЕТЕ ПРСКАЛИТЕ:

  1. Чувајте ги прскалките во нивното оригинално пакување на суво и ладно место, подалеку од дофат на деца!
  2. Никогаш не носете прскалки во вашиот џеб! Имајте на ум дека триењето и топлината може да доведат до спонтано палење на прскалките!
  3. Секогаш палете ги прскалките еден по еден! Запалени повеќе прскалки одеднаш може да предизвикаат сериозни изгореници на вашето лице или раце!
  4. Кога користите прскалки, препорачливо е да носите ракавици – тие ќе ја намалат можноста да изгорите!
  5. Секогаш чувајте ги прскалките на безбедно растојание од телото – во испружена рака!
  6.  Никогаш не давајте запалена прскалка на друг!
  7. Кога ќе изгори прскалката, поставете ја наопаку во сад со вода или песок, бидејќи тие остануваат жешки некое време! Имајте на ум дека телото на распрскувачот е направено од метал и потребни се неколку минути за да се излади по употреба!
  8. БИДЕТЕ ОДГОВОРНИ! Алкохолот и пиротехниката, вклучително и прскалките, воопшто не одат заедно!

ПОВЕЌЕ СОВЕТИ ЗА РОДИТЕЛИТЕ

Никогаш не носете бебе или мало дете додека држите запалена прскалка во рака!

Научете ги децата како правилно да ги држат прскалките – подалеку од телото, подалеку од раката.

Научете ги децата да не ја ориближуваат прскалката кон себе или кај други луѓе и да не трчаат додека ја држат.

Погрижете се вашите деца да не носат  широка облека, со премногу долги ракави, бидејќи може полесно да ги фати искрата од прскалката.

Никогаш не оставајте ги децата  со запалени  прскалки без надзор !

НИКОГАШ НЕ ДАВАЈТЕ ПРСКАЛКИ НА ДЕЦА ПОД 5 ГОДИНИ! Сè уште не можат да сфатат зошто и како безбедно да ги користат!

ШТО ДА СЕ ПРАВИ ДОКОЛКУ СЕ СЛУЧИ ИЗГОРНИЦА?

Изладете ја изгореницата со прскање или потопување во ладна вода најмалку 10 минути, а потоа побарајте лекарска помош доколку е потребно.

Никогаш не отстранувајте насилно облека од изгорената кожа, туку исечете го материјалот околу раната.

Никогаш не допирајте ја изгореницата и не ги дупнувајте  настанатите меурчиња!

Покријте ја изгореницата со стерилна газа за да спречите инфекција.

Поголемите и посериозни изгореници бараат итна медицинска помош!

ИМАЈ НА УМ…

Децата не мора да ја пропуштат магијата за осветлување. Постојат многу начини да ги прославите празниците во полн сјај…и многу побезбедно…

Светлечки стапчиња… …….Забавни се, светат во различни бои и можат да траат цела ноќ.

Конфети... ………………………….Добар избор можат да бидат и за новогодишна забава.

Меурчиња,балончиња……Децата не можат да одолеат на дување и бркање балони.