Како до квалитетен одмор?

Квалитетниот одмор е исклучително важен заздравствените работници од повеќе причини.Динамичното работно темпо, притисокот и стресот може негативно да влијаат на физичкото и емоционалното здравје.

Релаксацијата и одвојувањето време за себе помага да се намали ризикот од исцрпеност, го подобрува расположението и менталното здравје. Исто така, одморот е можност да поминете време со саканите и да ги исполните вашите сопствени интереси и хоби. Треба да се нагласи дека квалитетниот одмор не треба да биде луксуз, туку неопходност бидејќи им овозможува на здравствените работници да останат професионално ориентирани, да одржуваат високо ниво на стручност и да се грижат за сопственото здравје. Подолу се дадени неколку совети како да добиете квалитетен одмор и да им се вратите на пациентите со обновена енергија.

Планирајте однапред

Работата во здравството е полна со предизвици и долгисмени, затоа планирајте го вашиот одмор однапред.Размислете за датумите, дестинацијата и времетраењето на одморот и усогласете ги со вашиот распоред и обврски.

Најдете ја идеалната дестинација

Клучот е да пронајдете средина која ви овозможува да се чувствувате смирени и среќни. Затоа, според вашите преференции, пронајдете дестинација која ве релаксира, но и инспирира. Може да биде омилена плажа, егзотична дестинација, куќа во планина или посета на метропола, изборот е ваш.

Активност и релаксација

Искористете го убавото време за физичка активност која ве исполнува. Пливањето, возењето велосипед или долгите прошетки се идеални начини за полнење на батериите. Покрај тоа, не заборавајте да одвоите време да се опуштите и да ги наполните батериите. Опуштете се со добра книга, слушање музика, медитација или која било друга активност што ви дава мир.

Исклучете се од работа

Еден од најважните чекори за квалитетен одмор е целосно исклучување од работа. Обидете се да го ограничите пристапот до е-пошта и телефонски повици од работното место. Дозволете си слобода навистина да уживате во моментите на одмор без да се грижите за работата.

Поврзете се со саканите

Одморот е идеално време за поврзување со семејството и најблиските. Посветете им го вашето време и уживајте водружењето, патувањата или едноставно релаксирање дома. Нека одморот биде можност за зајакнување на односите со луѓето кои ви значат.

 

Грижа за себе

И најважното нешто! Не заборавајте дека одморот е време да се грижите за себе. Иако грижата за себе треба да биде составен дел од секој ден, често сме толку обземени од нашите обврски што забораваме на тоа. Грижата за себе значи доволно одмор и спиење, негување здрави навики како што се квалитетна исхрана и движење, време за најблиските и ефективни вештини за справување со стресот. Вежбајте ги за време на вашиот одмор, но и секојдневно. Застанете за момент и фокусирајте се на себе.