Црниот дроб игра важна улога во метаболизмот. Тој врши над 500 функции во организмот, како регулација на нивото на шеќер во крвта, формирање на одбранбени протеини, неутрализација или елиминација на течни или отровни материи, при што најголем дел од никотинот се детоксицира во црниот дроб.
Ова се 10 најчести симптоми за оштетен црн дроб:
1. Често имате проблеми со стомакот, чувствувате гадење, мачнина и повраќате.
2. Губите апетит. Црниот дроб го намалил производството на жолчка, па не чувствувате глад.
3. Чувствувате умор и слабост поради зголеменото количество на токсини во организмот кои црниот дром ги нема преработено, па отишле во крвотокот.
4. Имате запек и слабо варење, поради недостиг на жолчката која ја раствора храната.
5. Бојата на столицата е променета. Ако е жолта, сива или со боја на глина, тоа е причина за загриженост.
6. Промена на бојата на урината, иако пиете доволно вода.
7. Задржувате вода, ви отекуваат зглобовите и стапалата.
8. Подуеноста може да биде резултат на насобирање течност поради оштетувањето на црниот дроб.
9. Иритации на кожата исто така може да се јават како последица на неправилна работа на црниот дроб.
10. Чести грчења и болки во стомакот.