Министерот Венко Филипче предмалку информираше дека Владата формира главен кризен штаб раководен од премиерот Оливер Спасовски.
„Владата има главен кооринативен штаб, со кој ќе раководи претседателот на Владата, а во состав на сите заменици-министри, директорот на Центарот за управување со кризи и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, со цел целосна координација да се врши ова тело, со оглед на тоа што, со прогласување на кризна состојба, повеќе институции се внесени во системот на координација и работа на терен за подрачјата каде се прогласи оваа состојба. Главниот координативен штаб се состанува на дневна основа, претпладне, веднаш по состанокот на Комисијата за заразни болести“, истакна Филипче.
Министерот ги пренесе и останатите поригорозни мерки за превенција од корона вирусот:
„Се забранува целосно работата на кафетериите, баровите, клубовите, казината и спортските обложувалници. Сите угостителски објекти кои вршат подготовка и продажба на храна можат да работат без посета на потрошувачи односно гости и да остваруваат продажба преку онлајн нарачки, однсоно да вршат достава или истата да се подигнува надвор од угостителскиот објект согласно нивната организација“, истакна Филипче.
„Се задолжува МЗ секој граѓанин кој влегува во државава, да му се даде писмена наредба за задолжителна самоизолација и истиот писмено да потпише писмена изјава дека ќе изврши самоизолација под полна морнална и кривична одговорнсот“, рече министерот.
„Да се затворат за посетители сите продавници во моловите, на територија на цела држава, освен супермаркетите, аптеките, продавниците за храна. Сите останати правни лица можат да остваруваат профит преку онлајн нарачка, телефонска нарачка и да вршат достава на истите“ истакна министерот.
Министерот на денешнта прес коференција уште еднаш порача дека со седење дома се помага да се зачува јавното здравје и се става рампа на ширењето на овој вирус.
фото: Архива