(ФОТО) На влезот од Дебар и центар Жупа се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови

Дирекцијата за заштита и спасување со своите припадници активно учествува во кризното подрачје на територијата на Дебар и Центар Жупа.
Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Аднан Џафероски, синоќа издаде наредба за мобилизација на дел од силите за заштита и спасување. Силите на Дирекцијата за заштита и спасување покрај делувањето во внатрешноста на кризното подрачје, ќе делуваат на два контролни пунктови каде ќе се врши детална деконтаминација на медицинските возила, возилата за дотур на намирници и лекови, како и другите возила кои со посебна дозвола ќе се движат во кризното подрачје.
Дирекцијата за заштита и спасување апелира да се почитуваат мерките донесени од страна на Владата на Р.Северна Македонија поради лична заштита и заштита на целото население.

 

фото: Дирекција за заштита и спасување