Филипче: Попладнево од тестирани 10 пациенти 5 позитивни на вирусот

Попладнево на коронавирус беа тестирани 10 пациенти, од нив 5 се позитивни на вирусот, Објави на својот ФБ профил министерот за здравство венко Филипче.

Позитивна е сопругата на веќе дијагностицираниот пациент од Скопје и 4 здравствени работници – двајца доктори и две медицински сестри од Дебар. Со ова, бројката на заболени со коронавирус во земјата се искачи на 31.

https://www.facebook.com/filipce.venko/photos/a.1819648248342200/2339352456371774/?type=3&theater