Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 новозаболени од корона вирус во Македонија. Со новите пациенти, вкупниот број на заразени во земјава изнесува 570, соопшти министерот Венко Филипче.
-Регистрирани се 15 нови случаи. Во Скопје 4, Куманово 8 и по еден во Тетово, Струга и Штип, истакна министерот Филипче.
Филипче потенцираше дека седум пациенти се излечени односно покажале негативни резултати на два последователни теста. Станува збор за четворица кои биле хоспитализирани на Инфективната клиника, и три лица од Дебар кои биле на домашно лекување.
Во ова деноноќие Филипче, кажа дека битката со корона вирусот ја изгубиле три пациенти. Станува збор за првиот заразен пациент во Кочани на 40-годишна возраст и за двајца пациенти, на возраст од 69 и 65 години.
Само за пациентот на 69-годишна возраст познато е дека имал претходни заболувања – тумор на мозокот.
фото: Архива
https://www.facebook.com/filipce.venko/videos/610561826339699/?v=610561826339699¬if_id=1586093356454311¬if_t=live_video