Оваа недела во функција се враќаат затворените трговски центри, центрите за едукација, обука, семинари на возрасни, за организација на седници на органи за управување и конференции, автошколи, испитни центри, спортски тренинзи на отворено за индивидуални спортови како тенис и спортски и други обложувалници, соопшти министерот за здравство Венко Филипче.
Трговските центри ќе се отворат, но оваа недела не смеат да нудат угостителски услуги, а обложувалните ќе работата само преку шалтер.
„ Сето ова е согласно критериумите препорачани од Комисијата за заразни болести. Сите субјкети мора да се придржуваат до дистанцата, носењето на заштитни материјали и одреден број на присутни во локалите односно на местата. По следењето на епидемилошката состојба откако ќе се вратат во функција сите овие економски оператори следната недела во предвид е да се препорача и отворање на угостителстките објекти со послужување, спортските тренинзи на отворено за колективните спортови и повторно после епидемиолошката анализа и следењето на состојбата неделата што следува после оваа, игрите на среќа во казина, автомат клубови , тренинзи во затворени спортски објекти и базени, работа на теретани и фитнес клубови и хотелски објекти“, најави министерот Филипче.
Денес беа регистриран десет новозаболени од коронавирусот, а Комисијата за заразни болести ја оценила состојбата со вирусот кај нас како стабилна.
фото: Архива