Вистинска драма се случувала на Клиниката за детски болести за спасување на животот на десетмесечното бебе, за кое се утврдило дека има тумор во мозокот, компликација за која лекарите сметаат дека е од Ковид 19, со кој било зазаразено бебето и неговата баба која го чувала, објави novatv.mk.
Бебето кое е швајцарски државјанин со специјален авион е префрлено во болница во Цирих, за што специјално бил отворен скопскиот аеродром. НОВА ексклузивно ги објавува фотографиите од преземањето на бебето со медицински авионски транспорт, со т.н. мини болница, организиран од страна на здравствените власти во Швајцарија.
Десетмесечно бебе во тешка и многу комплицирана здравствена состојба било донесено во неделата попладне на Клиниката за детски болести. Бебето кое е швајцарски државјанин, имало висока температура, грчеви и нарушена свест, а на клиниката било примено заедно со неговата баба која го чувала бидејќи неговите родители живеат во Швајцарија.
Додека се организирал летот бебето во еден момент престанало да дише, снемало пулс и веднаш започнала борбата за спасување на неговиот живот.
Текстот во целост на: novatv.mk.