Драстично зголемување на луѓе кои мораат да бидат на болничко лекување се бележи во Тетово, каде три капацитети се искористени за хоспитализирани пациенти. Во инфективното одделение, во интерното одделени и во модуларната билница има 26 луѓе кои се на болничко лекување. Исто така Тетово, покрај Скопје, има и најголем број на новозаразени пациенти, пренесе Алсат М.
„Не знаеме дали е тој четврти бран или не, како и да е оди во тој правец, вчера имавме 64 амбулантски прегледи, тоа не сме го имале уште од есенскиот бран. Од тие прегледи очекуваме и нови хоспитализирани. Навистина е алармантно во споредба со лани овој период кога беше поблаго и подобро. Ако ме прашувате за новоинфицирани, тоа е резултат на зголемен број на тестирања, некои патуваат, некои се враќаат назад, тоа е еден фактор. Зголемување на хоспитализираните пациенти е поради мерките- како да заборавија граѓаните на пандемијата, не носат маски, нема дистанца, има групирање итн“, изјави д-р Гзим Нуредени
Повеќе на АлсатМ.