Апасиев: Петнаесет илјади чуми да ве фатат, багро една

Година и кусур после епидемија, при прогласена кризна состојба на целата територија на Републиката, сред најсмртоносниот трет бран на вирусот – Владата (штитејќи нечии бизнис-интереси) упорно одбива да воведе РЕГУЛИРАНИ ЦЕНИ на приватните болници, со цел намалување на екстрапрофитите во услови на здравствена криза, напиша на својот ФБ профил пратеникот Димитар Апасиев.

Апасиев во објавата додава:

Па така, имате сцени кога полумртви, дехидрирани и исцрпени наши сограѓани, кои со висока температура, гушење и јаки симптоми на ковид не биле примени на државните клиники – буквално чекаат во кола, на паркингот пред приватните болници, додека нивните роднини не покажат 15.000 ЕУР депозит на сметка! Петнаесет илјади чуми да ве фатат, багро една корумпирана ратно-профитерска.
p.s. И ова, Филипче го вика организиран „здравствен систем“!?

извор: ФБ Димитар Апасиев